DTS Декомпресивна терапија

DTS Декомпресивна терапија

Неоперативно лекување на дискус хернија

Кој има корист од DTS Декопмпресивната терапија

Секој кој страда од болки во грбот, половината или вратот, а причината за тие болки е оштетување на интервертебралните дискуси.

Како се спроведува терапијата

Кај нас Декомпресивната терапија се спроведува на специјализиран, компјутеризиран апарат-екстензомат, од реномирана фирма од Холандија.

DTS Декомпресивна терапија

Неоперативно лекување на дискус хернија

Декомпресивната терапија на ‘рбетот, за разлика од класичната физикална терапија која генерално делува само на намалување на симптомите е насочена кон отстранување на причината, која е механичка за појава на тие симптоми. Причината за појавата на дискус хернија е механичка-излегување на парче од дискусот и навлегување кон спиналниот канал кое создава компресија на медула спиналис и спиналните корени.

Спротивно на механизмот на создавање на дискус хернијата, со Декомпресивната терапија се врши точно обратното декомпресија-ослободување на притисокот, повлекување на парчето дискус со помош на вакуум ефект од самата екстензија. Со ослободувањето на притисокот, брзо доаѓа до ослободување на болката и намалување на сите симптоми.

Логично е доколку постои механичка природа на заболувањето и лекувањето да биде механичко. Во над 90% од пациентите се одложува хируршката интервенција.

Со Декомпресивната терапија се постигнуваат 3 ефекти:
Заболувањата на ‘рбетот се едни од најчестите кои се среќаваат во пракса секојдневно. Овие заболувања драстично ја намалуваат работната способност и квалитетот на живеење. Денес болката во грбот е една од најчестите причини за посета на лекар и најчеста причина за отсуство од работа.

Современиот начин на живот и напредокот на технологијата, допринесоа за подем на дегенеративни болести на пршлените кои порано се јавуваа кај популацијата постара од 50-60 години, а сега веќе се почесто ги среќаваме кај лица под 30 годишна возраст. Причините за болката се многубројни, честопати професионално поврзани, без разлика дали се работи за претежно седечки начин на живот или пак интензивна физичка активност.

Кога веќе постојат проблемите, се применуваат различни облици на физикална терапија или Декомпресивна терапија-екстензија кои можат да помогнат во намалување на тегобите, забавување на прогресијата на дегенеративните промени на ‘рбетниот столб, па дури и избегнување на операција.

Симптомите на болки во грбот се често резултат на стареење. Дискусите дегенерираат до различен степен, намалувајќи го просторот наменет за нервите. Од тие причини е добро и превентивно да се спроведува Декомпресивна терапија, како би се забавило стареењето на дискусите и мекоткивниот апарат на ‘рбетот, зачувување на нивната функција се до длабока старост.

Кој има корист од DTS Декопмпресивната терапија ?

Неоперативно лекување на дискус хернија

Секој кој страда од болки во грбот, половината или вратот, а причината за тие болки е оштетување на интервертебралните дискуси. Исто така е добро да се спроведува и кај млади и здрави луѓе како и спортисти за одржување на добра кондиција на рбетниот столб и забавување на процесите на стареење и дегенеративни промени кои се јавуваат со текот на возраста.
На пр.луѓе со седечки начин на живот(возачи, програмери, канцелариски работници), кај големи физички напори(физички рабтници, спортисти), при неправилна принудна положба на работното место(стоматолози, фризери), кај луѓе кои сакаат да го одржуваат рбетот ,,млад”.

Исто така, многу ефикасен метод и за лекување на различни деформитети на ‘рбетот-сколиози, кифози, лордози. Целта е спречување на прогресијата на сколиозата и кифозата, зајакнување на мускулите-стабилизатори на рбетниот столб, истегнување на скратената мускулатура, зајакнување на паравертебралната мускулатура, одржување на капацитетот на белите дробови и корегирање на постурата.

Декомпресивната терапија задолжително се комбинира со индивидуален кинезитераписки програм на вежби за превенција и лекување на различни деформитети на ‘рбетниот столб.
DTS Декомпресивната терапија-екстензија на ‘рбетот е најсовремен, најсофистициран, апсолутно безбеден и безболен метод за лекување на различни видови заболувања на цервикалниот и лумбалниот дел на ‘рбетот:
Особено популарен метод во САД и Западна Европа, каде бројни клинички студии го потврдиле високиот процент над 90% позитивни резултати.

Како се спроведува терапијата

Кај нас Декомпресивната терапија се спроведува на специјализиран, компјутеризиран апарат-екстензомат, од реномирана фирма од Холандија. Терапијата се изведува по претходна анамнеза и дијагностика, под постојан стручен надзор од специјалист лекар-физијатар, со асистенција од дипломирани физиотерапевти, по претходно точно утврден медицински протокол.

Терапијата се изведува индивидуално за секој пациент во зависност од неговата возраст, состојба, дијагноза, степен на оштетување на дискусот, степен на болка. Третманите се спроведуваат најчесто во серија од 10-12 третмани, понекогаш доколку е потребно и до 15 третмани. Најчесто се спроведува секојдневно или со пауза од 1-2 дена во зависност од видот на заболувањето и степенот на болка.

Дозирањето се врши постепено, прогресивно по претходно утврдениот протокол и е апсолутно безболно и безбедно. Пациентот за време на третманот не чувствува никаква болка, само благи, нежни истегнувања. Декомпресивната терапија може да се комбинира и со други видови физикална терапија.